11.8 C
Skopje
сабота, 18 октомври 2025

Ѓуроски поради позитивен тест на корона-вирус, нема да патува во Талин

Македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски нема да биде дел од составот на Ацо Тодоров во пресрет на ноевмрискиот циклус од квалификациите за Евробаскетот 2021.

Крилниот кошаркар доби позитивен резултат на ковид-19 при тестирањето по враќањето во Аликанте, па затоа нема да патува за Талин, каде што Македонија ќе ги одмери силите со домаќинот Естонија на 30 ноември, односно два дена порано против Италија.

Ѓуроски засега е во самоизолација и нема симптоми, а за пет до шест дена повторно ќе се тестира, потврдија од Кошаркарската федерација на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести