Болтон успеа да се спаси од банкрот и од админинстративна забрана, што ќе значеше згаснување на клубот со 144-годишна традиција, а сега тргна и кон создавање на тим за опстанок во Лига 1 во Англија.
Популарните Вондерерс го искористија последниот ден од летниот преоден рок што трае до денеска до полноќ и понеделнички ангажираа дури деветмина играчи.
Најпознато име е 36-годишниот ветеран Дарил Марфи, кој го засили нападот на Болтон. Играше за Селтик, Њукасл, Нотингам форест, Сандерленд, Ипсвич..
Покрај него, денеска нови членови на Болтон станаа и Верлинден, Бридкат, Бакли, Рајт, Крафорд, О`Грејди, Емануел и Буни, што е добар почеток за Вондерерс во ситуација која е тешка за клубот.
Го почнаа првенството со минус од 12 бодови, а по пет кола успеаја да стопат само еден бод со четири порази и реми и се убедливо последни, моментно со минус 11 бода.