Каталонскиот тренер, Пеп Гвардиола, веќе деветта сезона е на клупата на Манчестер сити, а неговиот договор истекува на крајот од сезонава. Нема најава за продолжување, а тоа само ги подгрева шпекулациите што ќе се случува со кариерата на Гвардиола. Дали ќе си замине и каде ќе ја продолжи кариерата, дали ќе прави пауза од фудбалот како што беше случај кога ја напушти Барселона, но некои најавуваат и пензија.
Сепак, британски „Атлетик“ тврди дека една од опциите е да стане селектор на Бразил, селекција која никогаш не била предводена од странец, освен од шпанци, португалци и останати јужноамериканци кои пред да станат селектори веќе долго живееле во Бразил, па ги сметаат за домашни. Британскиот медиум тврди дека оваа идеја му се допаднала на Гвардиола, а неговиоте размислувања се дека сака да се испроба и како селектор пред да замине во пензија.