Гвардиола ги пецна навивачите на Ливерпул дека се лоши стрелци: На „Енфилд“ ме гаѓаа со парички, но не ме погодија, можеби следниот пат ќе бидат попрецизни

Фудбалерите на Манчестер сити денеска го претрпеа првиот пораз во Премиер лигата оваа сезона и ја прекинаа серијата од 21 натпревар без пораз која траеше уште од минатата сезона.

Граѓаните загубија од Ливерпул со 1:0 во дербито на колото, а човек на одлука беше Мохамед Салах.
И покрај поразот, менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, не беше премногу критичен кон своите фудбалери.

„Тоа е ‘Енфилд’. Одигравме добар натпревар, но на овие натпревари разликите се минимални и грешките се казнуваат. Ние згрешивме и затоа загубивме иако игравме на победа“, изјави Гвардиола.

https://twitter.com/i/status/1581689243104997377

Шпанецот откри дека навивачите на Ливерпул го гаѓале со парички кога протестираше поради поништениот гол на Фил Фоден бидејќи Ерлинг Халанд претходно направил прекршок.

Судијата викаше да играме, дека имало милион вакви прекршоци, а овој е посебен бидејќи дадовме гол. Но, ни го поништија само затоа што ние го постигнавме. Публиката ме гаѓаше со метални парички и со некои предмети, но не ме ни допреа. Можеби следниот пат ќе бидат попрецизни“, додаде Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести