Еден од најдобрите и најважни фудбалери на Манчестер сити, Бернардо Силва, се согласи да потпише нов договор со европскиот и англиски шампион.
Според италијанскиот новинар Фарицио Романо, Португалецот во наредните денови и официјално ќе стави потпис на новиот договор, според кој ќе остане на „Етихад“ до 2026 година.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1691766082392973488?s=20
Менаџерот Хосеп Гвардиола со ова го реши најголемиот проблем, успеа да го задржи клучниот играч во средниот ред кој има огромни заслуги за освојувањето на тројната круна минатата сезона.
Голем интерес за Бернардо Силва пројавуваа Барселона и ПСЖ, а летово и самиот фудбалер побара од Гвардиола да му дозволи да се пресели на „Камп ноу“, но поради проблемите со финанискиот ферплеј, шпанскиот тим не можеше да плати 90 милиони евра, колку што бараа Граѓаните.