Гвардиола и двајца Италијанци во трка за наградата тренер на годината

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека финалисти во изборот за тренер на годината се менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, актуелниот селектор на Италија, Лучано Спалети, и тренерот на Интер, Симоне Инзаги.

Гвардиола со Сити триумфира во Лигата на шампионите, ја освои титулата во Премиер лигата и победи во ФА купот. Спалети со Наполи ја освои титулата во Серија А, што беше прва за тимот од Неапол по пауза од 33 години, додека Инзаги со Интер играше во финалето на Лигата на шампионите.

ФИФА појасни дека признанието се доделува за резултатите остварени од 19 декември 2022 година до 20 август оваа година.

Наградата за најдобар тренер ќе биде доделена на свечена церемонија која ќе се одржи на 15 јануари во Лондон.

- Оглас -

Најнови вести