Гвардиола му се извини за Џерард на навредливиот коментар: Се срамам поради своите изјави

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, му се извини на легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, за коментарите изречени откако Премиер лигата ги обвини Граѓаните за повеќе од 100 финансиски прекршоци.

„Му се извинувам на Џерард поради моите непотребни и глупави коментари. Тој знае колку му се воодушевувам нему и на неговата кариера, како и за сето тоа што го направи за Англија. Се срамам поради своите изјави, Џерард не го заслужи тоа“, јавно се извини Гвардиола.

Гвардиола пред неколку дена на прес-конференција зборуваше за обвиненијата од Премиер лигата и во негативен контекст го спомена Џерард, кој во 2014 година во дуелот со Челзи се лизна, ја загуби топката и неговиот тим прими гол за победа на Сините. На крајот се покажа дека поразот од Челзи беше пресуден за Ливерпул да не ја освои титулата таа година.

„Не знам дали ние сме виновни поради тоа што Џерард се лизна? Дали и тоа беше наша грешка? Го почитувам Џерард, но ние ја освоивме титулата таа сезона“, изјави пред неколку дена, Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести