Гвардиола најави можно заминување на една од ѕвездите: Тимот што ќе го доведе, ќе добие играч од светска класа

Бернардо Силва е пред заминување од редовите на Манчестер сити, а такво нешто најави и тренерот на овој тим, Пеп Гвардиола.

Предводникот на Граѓаните има само пофални зборови за Португалецот, кој беше еден од најдобрите играчи против Челзи, но и најави дека ќе стори сè за да остане во тимот.

„Против Лајпциг беше одличен, додека со Челзи одигра неверојатно. Станува збор за фантастичен фудбалер и кој било тим да го доведе, ќе добие играч од светска класа. Се надевам дека ќе остане во тимот, но доколку тој изрази желба за заминување, тогаш ние ништо не можеме да сториме“, изјави Пеп.

Силва има активен договор со Манчестер сити до 2025 година, а во дресот на овој тим одигра 136 натпревари и постигна 22 гола.

- Оглас -

Најнови вести