11.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Гвардиола нема опција да го напушти Манчестер сити доколку клубот биде исфрлен од Премиер лигата

Новиот договор на менаџерот Пеп Гвардиола не вклучува опција за разделба доколку Манчестер сити испадне од Премиер лигата. Претходно беше објавено дека каталонскиот стратег ќе го продолжи договорот со Граѓаните по форматот „1+1“ година.

Тековниот договор на Пеп Гвардиола истекува летото 2025 година.

Според медиумите на Островот, новата спогодба на Гвардиола со Манчестер сити не предвидува можност за раскин, дури и ако клубот биде исфрлен од Премиер лигата како резултат на потврдување на сериозни финансиски прекршувања.

Во февруари 2023 година, Премиер лигата го обвини Манчестер сити за 115 различни прекршувања на финансиските правила во периодот од 2009 до 2018 година. Сослушувањата за случајот започнаа во септември, а пресудата се очекува не порано од март следната година.

Гвардиола изјави дека има намера да остане со тимот дури и ако клубот биде прогласен за виновен.

„Сакам да го заштитам мојот клуб, особено во овие денови, кога сите очекуваат не само да испаднеме туку и да бидеме избришани од лицето на земјата, од лицето на светот“, изјави своевремено менаџерот на Манчестер сити по обвинувањата од Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести