Гвардиола: Од грешките се учи, морав да одмарам неколку клучни играчи

Ливерпул и Манчестер сити одиграа нов фантастичен и возбудлив натпревар, кој сега заврши со 3:2 во корист на тимот од Енфилд во полуфиналето од ФА Купот.

По минатонеделните 2:2, сега „црвените“ имаа поголеми причини за радост, но актуелниот англиски првак на теренот искочи со „шарен“ состав без неколку стандардни првотимци.

Голманот, Зак Стефен направи голема грешка за водство од 2:0 и на тој начин им ја „подари“ победата на големиот ривал.

„Од грешките се учи а се надевам дека Зак тоа не го стори намерно. Морав да одмарам неколку фудбалери а Кевин де Бруин чувствува уште болку по натпреварот со Атлетико Мадрид.

Иако тој да играше, ќе го дадеше максимумот, сепак мислам дека не погрешив со одлуката. Да се игра Ливерпул – Атлетико Мадрид – Ливерпул во една недела е навистина тешко и мора да се ротира, сакале или не сакале таков е распоредот“ изјави Гвардиола

- Оглас -

Најнови вести