Гвардиола откри кој е единствениот играч што Сити никогаш нема да го продаде

Манчестер сити слабо ја започна одбраната на титулата во Премиер лигата и веќе заостанува осум бода зад лидерот Ливерпул. Сепак, има уште многу мечеви да се играат и Пеп Гвардиола сигурно нема толку лесно да се откаже од трката за тронот.

Шпанскиот стратег има голем број квалитетни фудбалери кои може да донесат разлика против кој било ривал, а интересно е тоа што Гвардиола откри кој играч никогаш нема да биде продаден од Сити. Тоа е големата надеж на англискиот фудбал, Фил Фоден.

Фоден дојде во Сити уште како 9-годишно дете, а веќе на 17 години дебитираше за првиот тим во 2017 година. Моментно е член и на младинската селекција на Англија.

„Не случајно му понудивме договор. Тој е единствениот фудбалер кој никогаш нема да го продадеме. Не постои понуда која може да го одвои од нас. Не би го продале дури ни за 500 милиони евра. Фил е Сити. Нема да носиме ниту други играчи на неговата позиција. Тој треба да биде нашиот волшебник кога ќе си замине Давид Силва“, рече Гвардиола.

Иако Гвардиола во суперлативи зборува за Фоден, Шпанецот не му дава многу шанса на тинејџерот да игра, па често е на критики од англиската јавност. Фоден сезонава одигра само 10 минути во Лигата на шампионите и во Премиер лигата и за тоа време успеа да даде гол во дуелот против Динамо Загреб, за потврда на триуфмот од 2:0.

 

- Оглас -

Најнови вести