Нејтан Аке и официјално е претставен како нов играч на Манчестер сити. Холанѓанецот кој има 25 години, досега настапуваше за Борнмут, клуб кој доби 41 милиони евра за раскинот на спогодбата со Аке. Според договорот, Аке ќе остане во Манчестер сити до јуни 2025 година.
„Манчестер сити е најдобриот тим во Англија во последните 10 години, а Гвардиола е тренер кого многу го почитувам. Знам каде дојдов, знам дека очекувањата се големи и ќе работам напорно за да можам да му помогнам на клубот да победува“, рече Аке.
Со доаѓањето на Аке, Сити откако на клупата е дојден Гвардиола досега потроши преку 300 милиони евра само за засилувања во одбраната. Во ерата на Пеп, кај Граѓаните пристигнаа Џон Стоунс, Кајл Вокер, Бенџамин Менди, Ајмерик Лапорт, Данило и Жоао Кансело.
Аке е второто засилување на Сити во летниот преоден рок, откако претходно кај Граѓаните пристигна Феран Торес од Валенсија.