Манчестер сити го промовираше новото големо засилување

Феран Торес и официјално беше промовиран во нов фудбалер на Манчестер сити. Торес доаѓа од екипата на Валенсија, а со Сити потпиша договор до 2025 година. Крилниот напаѓач има само 20 години, а минатата сезона одигра вкупно 44 меча во кои даде шест погодоци.

„Многу сум среќен што дојдов тука. Секој фудбалер сонува да биде дел од напаѓачкиот дел од тим како Манчестер сити. Го сакам начинот на Пеп Гвардиола игра, а можам да кажам дека ми беше голем сон да работам со него“, рече Торес на претставувањето.

Торес одигра вкупно 97 меча во дресот на Валенсија во кои има биланс од девет погодоци и 12 асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести