Челзи го позајмуваше трипати, сега потпиша за Манчестер сити за 41 милиони фунти

Нејтан Аке мина долг пат со чести позајмици, откако не успеа да се наметне во Челзи, но го потврди квалитетот во Англија, што го препозна Пеп Гвардиола, па левиот бек на Борнмут се пресели во Манчестер сити за сума од 41 милиони фунти.

Аке потпиша петгодишен договор со вицешампионот на Англија, а има 25 години и може да игра и како лев бек и како стопер.

Холанѓанецот пристигна во англискиот фудбал од Феенорд и во 2011 година стана член на младинската Академија на Челзи, а следната година и потпиша професионален договор со тимот од Лондон.

За нив одигра само 7 меча, па почнаа позајмиците и трнливиот пат на Аке до успех и докажување дека сепак има квалитет да игра во топ екипите од Англија.

Беше позајмен на Рединг, потоа и на Ватфорд и на Борнмут, кој го купи во 2017 година за 20 милиони фунти, што беше клупски рекорд.

Популарните Цреши испаднаа од Премиерлигата, но тоа не му пречеше на Аке да го направи најдобриот трансфер во кариерата и да се пресели во Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести