Гвардиола: Пред неколку години никој не помислуваше дека ќе бидеме тука, но сега сакаме нов трофеј

Манчестер сити годинава за првпат во клупската историја триумфира во Лигата на шампионите и ќе игра на Светското клупско првенство, каде што исто така е главен фаворит за трофејот.

Граѓаните вечерва од 19 часот ќе играт во второто полуфинале, и тоа против шампионот на Азија, Урава редс.

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, кој со Барселона двапати триумфираше на Светското клупско првенство, посакува и со Граѓаните да го крене шампионскиот пехар.

„Возбудени сме и ќе дадеме сè од себе за да го освоиме трофејот. Посебен предизвик е секогаш кога нешто правите по првпат, а Манчестер сити за првпат игра на ова натпреварување. Чувството е убаво да се биде тука, пред неколку години не ни можевме да замислиме дека ќе играме на Светското клупско првенство“, изјави Гвардиола.

Прв финалист е јужноамериканскиот шампион Флуминенсе, кој во првото полуфинале го совлада египетскиот Ал-Ахли со 2:0.

- Оглас -

Најнови вести