Англискиот премиерлигаш Манчестер сити ќе биде активен во зимскиот преоден рок. Како што е познато, Антоан Семењо е блиску до „Етихад“ откако одлучи да го засили Манчестер сити, но јасно е дека во таков случај некој ќе мора и да замине од клубот.
На списокот за заминување се играчите кои речиси и не настапуваат оваа сезона, а тоа се Калвин Филипс и Оскар Боб.
Филипс беше испратен на позајмица во Вест хем, каде што исто така не ги оправда очекувањата, па јасно е дека за него повторно нема место во Сити. За Боб се веруваше дека може да се наметне, но конкуренцијата на крилните позиции е преголема, а ќе стане уште посилна со доаѓањето на Семењо. За среќа, тој сигурно ќе има добри понуди со цел да се избори за место на Светското првенство следното лето.
Се шпекулира дека и Нејтан Аке би можео да замине бидејќи е една од опциите за Барселона, но преговорите сè уште се далеку од реализација.
Сѐ на сѐ, Пеп Гвардиола би можело да биде активен и оваа зима, а за потсетување, минатиот јануари на „Етихад“ пристигнаа Омар Мармуш, Нико Гонзалес, Абдукодир Хусанов и Витор Реис, кој сега настапува како позајмен играч во Џирона.

