Европскиот и англиски шампион, Манчестер сити, се подготвува за нов голем трансфер и мета им е ѕвезда на Барселона.
Откако не успеаја да го ангажираат Деклан Рајс кој ја прифати понудата на Арсенал, Граѓаните и Пеп Гвардиола ќе тргнат по потписот со Френки де Јонг од Барселона.
Сити останаа без клучен играч од средниот ред, Илкај Гундоган кој потпиша токму за Барселона, Ријад Марез е пред преселба во Саудиска Арабија, па Гвардиола сака да го освежи средниот ред и изборот падна на Де Јонг.
Првичната понуда со која ќе се тестира Барселона се очекува да изнесува меѓу 70 и 90 милиони евра.
https://twitter.com/Doozy_45/status/1675278886563635200?s=20