Гвардиола: Сакавме да го доведеме Мегваер, но цената му беше нереална

Хари Мегваер беше пред заминување од Манчестер јунајтед, откако Вест хем даде добра понуда, трансферот беше на прагот од реализација, но на крајот ништо не се случи. Дефанзивецот засега останува на „Олд Трафорд“, а интересно е дека постоела опција Мегваер летово да заврши во Манчестер сити. Ова го откри тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, кој кажа неколку примери за играчи чии цени не се реални.

„Сакавме да го доведеме Мегваер, но не го купивме затоа што не сакавме толку многу да платиме. Го сакавме Кукуреља но имаше нереална цела, размислувавме за Алекси Санчес, но не сакавме толку да платиме. Ќе го платиме тоа што го сметаме за реална цела“, рече Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести