25.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Гвардиола се откажа од ѕвездата на Сити, па европските гиганти веднаш застанаа во ред за неговиот потпис

Реконструкцијата во Манчестер сити значи дека налето ќе си заминат најмалку четворица фудбалери, а веќе се знаат и нивните имиња. На продажба се Илкај Гундоган, Кевин де Бројне, Бернардо Силва и Фил Фоден.

Најголемо изненадување е токму последниот фудбалер на оваа листа, Фоден, кој се сметаше за незаменлив дел од Граѓаните. Сепак, четворицата имаат над 30 години, па јасно е кој е планот на Пеп Гвардиола.

Манчестер сити е подготвен да ги слушне понудите на останатите екипи за Фил Фоден, а според медиумите од Островот, интерес веднаш покажале Баерн Минхен и Реал Мадрид, кои се подготвени да го купат репрезентативецот на Англија.

- Оглас -

Најнови вести