Гвардиола со големи главоболки, на „Етихад“ е вистинска „болница“ пред дуелот со Арсенал

Манчестер сити и Пеп Гвардиола имаат големи главоболки во пресрет на дерби-дуелот поротив Арсенал во недела на „Етихад“. Репрезентативната пауза направи големи проблеми за актуелниот шампион на Англија, па на дуелот против лидерот Арсенал ќе мора да истрча со комбиниран состав и без повредените.

Едерсон и Стоунс се повредени од претходно, Кајли Вокер се повреди во паузата, а со повреди се вратиле и Де Бројне, Грилиш и Нуњес. На поситни повреди по репрезентативните настапи се жалат и Бернардо Силва, Рубен Дијаш, Мануел Аканжи и Ерлинг Халанд, но за овие фудбалери постои можност навреме да се подготват и да настапат против Арсенал.

Арсенал и Ливерпул имаат по 64 поени на врвот од Премиер лигата, додека Манчестер сити има само бод помалку од нив.

- Оглас -

Најнови вести