Гвардиола со порака до играчите пред реваншот со Реал: „Ако не верувате во успех, останете си дома“

Фудбалерите на Манчестер сити под водство на Пеп Гвардиола минатата недела доживеаја убедлив пораз како гости кај Реал Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Граѓаните на овој натпревар загубија со 3-0, резултат кој ќе мора да го надоместат на „Етихад“ ако сакаат да продолжат во следната фаза.

Гвардиола верува дека неговиот тим може да направи пресврт и да се пласира понатаму. Тој испрати јасна порака до играчите пред реваншот со Реал Мадрид.

„Ако не веруваат, тоа е нивен проблем. Возрасни се, добиваат добри плати. Ако не веруваат во успех во Лигата на шампионите, нека си останат дома. Мораме да пробаме, што имаме да изгубиме?“, изјави Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести