Енцо Фернандес заминува од Челзи, сака трансфер во Реал Мадрид

Енцо Фернандес смета дека летото 2026 година е идеален момент да го напушти Челзи.

Токму како што по претходното Светско првенство ја напушти Бенфика и премина во Челзи, Енцо верува дека летото по новото Светско првенство е вистинскиот момент за следниот чекор во неговата кариера.

Наводно, неговата најголема желба е Реал Мадрид, кој во моментов изгледа како единствениот клуб што може да си го дозволи.

Реал Мадрид веќе беше споменуван како можна дестинација, но проблем е што Челзи не сака да го загуби вложениот износ за него, што значи дека Флорентино Перес би морал да плати над 120 милиони евра за трансферот.

Се чини дека Реал Мадрид има потреба од уште едно големо засилување во средниот ред, особено со оглед на шпекулациите дека Едуардо Камавинга може да биде ставен на трансфер-листата, а сигурно ќе замине и Дани Себаљос.

Сето тоа укажува дека Реал Мадрид ќе го истражи пазарот, а Енцо сигурно ќе биде примамлива, но не и евтина опција.

Енцо Фернандес пристигна во Челзи во јануари 2023 година дури за 121.000.000 евра, а договорот му важи до јуни 2032 година.

Аргентинецот досега одигра 159 натпревари, постигна 28 гола и забележа 29 асистенции за тимот од „Стемфорд бриџ“.

- Оглас -

Најнови вести