33.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Гвардиола тврди дека е повреден, но тој објави фотографија од теретана (Фото)

Бразилскиот интернационалец, Савињо, нема да биде во составот на Манчестер сити за гостувањето кај Вулверхемптон. Гвардиола на вчерашната прес-конференција изјави дека тој е повреден и затоа нема да игра, но не заборави да ја спомене и можноста тој да замине во Тотенхем, упатувајќи критики кон ривалот.

Тотенхем има интерес за фудбалерот, но до сега не ги контактирале своите колеги од Манчестер сити, па од тука е и лутината кај Гвардиола.

Сепак, Савињо денес објави фотографија од теретана, на која воопшто не изгледа дека е повреден, па тоа ги подгрева надежите на Тотенхем дека може да дојде до неговиот потпис.

 

- Оглас -

Најнови вести