Гвардиола утре слави убав јубилеј во Манчестер сити, но не верува дека ќе го дуплира

Пеп Гвардиола утре ќе прослави убав јубилеј и по 200-ти пат ќе го предводи Манчестер сити од клупата, но истакна дека не верува дека може и да го дуплира бројот на натпревари.

Англиските новинари го запрашаа дали ќе има и втора „петтолетка“ на клупата на Манчестер сити, а одговорот беше кус: Не верувам.

Гвардиола е веќе петта година на кормилото на клубот од Манчестер и утре против Кристал палас ќе ги води на 200-тиот меч. Со Шпанецот на клупата, Манчестер сити освои три титули во Англија, има уште 7 пехари од англиските купови, но не и најважната европска клупска круна, таа во Лигата на шампионите.

Во ланското издание на ЛШ, Манчестер сити со Гвардиола стигна најдалеку во својата историја и за првпат играше во финалето, но загуби со 0:1 од Челзи.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести