Денешниот пораз на гостувањето кај Нотингам форест, за Манчестер сити беше дури 15-ти на последните 30 натпревари во сите натпреварувања.
Ова е убедливо најцрн период во кариерата на тренерот Пеп Гвардиола, на кого досега најлош период во интервал од 30 меча му беа 9 порази. Пред овие 15 порази на последните само 30 одиграни средби, претходните 15 порази беа на дури 169 меча.
Оваа сезона е само втора во ерата на Гвардиола во која имаат девет или повеше порази во Премиер лигата. Сега Граѓаните не само што се отпишани од трка за титулата, туку ќе треба да се помачат и да се пласираат во Лигата на шампионите, иако уште се во позиција да бидат во топ 5 на табелата (Англија најверојатно ќе има пет тима во ЛШ следната сезона, а можеби и шест).
Иналу 2009/2010 е последната сезона во која Сити не беше учесник на ЛШ. На тимот му останаа уште десет меча, а Гвардиола денеска изјави дека тоа за нив ќе бидат „10 финалиња“.