Хајдук руши рекорди, над 12.000 членови за помалку од 24 часа во новата година

Сплитски Хајдук продолжува да ги руши сопствените рекорди што се однесува до бројот на членови. Со почетокот на новата година, започна и новото зачленување, а клубот од Сплит за помалку од 24 часа во новата година веќе има над 12.000 членови.

Тоа е за двојно повеќе од први јануари 2023-тата, кога се зачлениле 5.914 членови. Бројка може уште да расте, со оглед на тоа дека има уште три часа од овој ден. Хајдук транспарентно во живо ја објавува бројката на членови, но и сумата која ја заработил од нив. Во моментов буџетот на сплитските бели е побогат за речиси 200.000 евра.

Членарината не значи и сезонски билет, туку можност за приоритетно купување на сезонски или поединечен билет, попусти во фан-шопот и други поволности.

- Оглас -

Најнови вести