Хакиран сајтот на Реал Мадрид, се појави вест која испадна дека била лажна (Фото)

Реал Мадрид на својот официјален вебсајт претпладнево објави вест дека Бразилецот Родриго има мускулна повреда на десната нога, што ќе значеше дека младото крило нема да може да игра вечерва против Аталанта и во следните три месеци. Но, ни Родриго не знаел дека е повреден, неговиот татко откако ја прочитал веста му се јавил да праша што е проблемот, па било алармирано дека станува збор за лажна вест.

Од Реал ја повлекоа веста и тврдат дека страницата им била хакирана. Родриго нема повреда и ќе биде во составот, а веста дека има повреда е стара, онаа која го остави три месеци надвор од терените.

- Оглас -

Најнови вести