Халанд е чудо невидено – За само 136 минути стаса до Топ-10 во Бундеслига

Никој побрзо од Ерлинг Бро Халанд не стасал до Топ-10 во Бундеслигата во ниту една категорија, а блескавиот норвешки талент за само 3 меча е меѓу најдобрите 10 стрелци во силното германско првенство.

Почна со хет-трик против Аугсбург, продолжи со два гола против Келн, а и денеска двапати се запиша во листата на стрелците против Унион Берлин.

Борусија дели петки три кола по ред, а Халанд за само 136 минути игра, први за него во Бундеслигата постигна 7 гола и е на делба на 10. место на листата на стрелците.

Халанд има уште низа неверојатни подвизи, а се памети неговиот рекорд на младинското Светско првенство, кога за селекцијата на Норвешка постигна 9 погодоци против Хондурас.

- Оглас -

Најнови вести