Халанд е машина за голови – Двапати го стресе ПСЖ и стана уникат во ЛШ (Видео)

Ерлинг Браут Халанд е машина за голови и во Лигата на шампионите и вечерва со два прецизни удари ѝ носи предност на Борусија Дортмунд против Пари Сен Жермен.

Набрзина, само за 8 минути паднаа три гола на „Вестфален“, а покрај Халанд, прецизен беше и Нејмар. Норвежанецот беше прецизен во 69-тата и во 77-мата минута, а Бразилецот погоди во 75-тата минута.

Халанд е единствениот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите што дал голови за два тима во иста сезона во елитното натпреварување. Беше стрелец за Салцбург во фазата по групи, а сега погоди и за Борусија во осминафиналето.

https://twitter.com/FlFAWC2018/status/1229882501331652608?s=20

Во првото полувреме немаше голови, а мечот е во самиот финиш.

- Оглас -

Најнови вести