Халанд ги одбра тројцата најдобри за 2021 година

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд смета дека Роберт Левандовски беше најдобар фудбалер на светот за 2021 година. Изборот на Халанд се поклопува со тој на ФИФА, а не и на „Франс фудбал“, кој Златната топка му ја додели на Лионел Меси.

Ѕвездата на Борусија Дортмунд беше прашан за кои тројца фудбалери би гласал за најдобри во минатата година и нема дилеми кој бил број 1.

„Мора да се каже дека моментно број 1 е Левандовски, барем за мене. Тука е и Бензема, кој беше фантастичен, а и Меси е секогаш во самиот врв. Лева е прв, а второто место би им го поделил на Бензема и Меси“, рече Халанд.

- Оглас -

Најнови вести