Халанд и Рајола пристигнаа во Барселона – Понудата е 150 милиони евра, Борусија бара 30 повеќе

Мино Рајола и Ерлинг Халанд се во Барселона како дел од преговорите за трансфер на норвешкото чудо од Борусија Дортмунд во редовите на шпанскиот гигант.

Заинтересирани клубови за Халанд има многу, а прва на ред е Барселона, која според шпанските медиуми, нуди 150 милиони евра како отштета за Борусија.

Милионерите неодамна објавија дека цената за купување на сензационалниот напаѓач е 180 милиони евра, а Рајола, кој е еден од најпознатите светски фудбалски менаџери, ќе се обиде да постигне договор што им одговара на трите страни.

За Халанд заинтересирани се и Реал Мадрид, Манчестер сити и уште неколку европски гиганти, а ако Борусија издржи во барањето да добие 180 милиони евра отштета, тогаш трансферот би бил израмнување на вториот најскап во историјата на фудбалот.

Килијан Мбапе чинеше токму 180 милиони евра при трансферот од Монако во ПСЖ, а рекордер е Нејмар со сума од 222 милиони евра при преселбата од Барселона во ПСЖ во 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести