Халанд разигран, бомба на Рејна, немаше спас за Вердер (Видео)

Борусија Дортмунд со 4-1 го совлада Вердер, и се врати во борба за пласман во Лигата на шампионите. Сега тимот од Дортмунд е на четири бода негатива зад четвртиот Ајнтрахт, а до крајот на бундеслигашката сезона останаа уште пет рунди.

Вердер поведе со голот на Рашица, но тоа како да ги разлути домашните, па со прекрасниот гол на Рејна, и два погодоци на Халанд, Дортмунд направи пресврт. Во финишот, точка стави Хумелс. Норвежанецот Халанд стана прв играч во историјата на Борусија кој во иста сезона на девет различни натпревари постигнал барем два гола.

Ова е голот на Рејна со кој Борусија го започна пресвртот:

- Оглас -

Најнови вести