Халанд во 2016 година снимил музички спот, сакал да биде рапер (Видео)

Ерлинг Халанд е фудбалерот кој блесна сезонава. Момчето кое ја започна сезоната во Салцбург, но со неверојатните игри и головите постигнати во Лигата на шампионите го привлече вниманието на многумина, веќе неколку месеци е дел од германскиот гигант Борусија Дортмунд.

И во Борусија, Халанд продолжи со фантастични игри и голови. Минатата недела тој беше стрелец и на првиот гол во Бундеслигата по двомесечната пауза поради Коронавирусот. Норвешнит голгетер има само 19 години и дефинитивно треба да биде играчот кој ќе блеска во следните 10-15 години.

Тоа што малкумина го знаат е дека Халанд пред неполни четири години мечтаел да биде пејач и тоа рапер. Бил дел од една група, па дури и снимиле спот во кој Халанд пее.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести