Хамбургер го отпушти тренерот Кристијан Тиц

Хамбургер го разреши тренерот Кристијан Тиц, после слабите резултати на тимот во оваа сезона во  втората германска лига. Ханес Волф кој е екс тренер на Штутгарт, ќе го заземе местото на 47-годишниот Тиц.

„Не го сакавме ова решение, но мораше да преземеме чекор. Видовме дека има опасност да не ја постигнеме нашата цел сезонава“ – изјави Ралф Бекер, кој е спортски директор на Хамбургер.

Тимот од Хамбург испадна од првата Бундеслига за прв пат во историјата, и сега сака експресно да се врати во елитата, но после 10 кола, тимот се наоѓа на петто место со скромни 18 бода, но има само два бода помалку од лидерот Келн. Во последните пет дуели, ХСВ имаше само една победа и тоа не му беше простено на Тиц.

- Оглас -

Најнови вести