Сепси – ФЦСБ (20 ч.)
Ова е меч од второто коло во Романија. Гостите се меѓу најголемите фаворити за титулата и не би сакале уште на стартот да „продаваат“ бодови. Пред два месеци, ФЦСБ гостуваше кај Сепси во меч од минатосезонското првенство и победи убедливо со 5:1. Во последните шест меѓусебни средби, фаворитот победил пет пати, а Сепси се радувал само еднаш.
Секогаш имало минимум по два погодоци, па може да се очекува нов возбудлив меч со голови, а гостите на крајот треба да се радуваат на трите бода.
Предлог тип: Х2&ГГ (2.40) – квота на денот во Sport Life
Оденсе – Лингби (19 ч.)
Две екипи кои се далеку од квалитетот на најсилните екипи во Данска. Тоа што е интересно за дуелите на овие екипи е дека веќе 20 години не играле без голови, а во последните 23 меча само еднаш имало помалку од два гола. Според традицијата, но и фактот дека секогаш играат офанзивно без многу да размислуваат на одбраната, ова е дуел кој треба да биде подарок за да се игра на погодоци.
Предлог тип: 1&2-4 (2.50) – квота на денот во Sport Life
Хамарби – Елфсборг (19 ч.)
Не би требало да има дилеми дека домаќините ќе стигнат до трите бода. Хамарби е речиси безгрешен на свој терен, па во седум меча има пет победи и две ремија без пораз, а Елфсборг е противник по мерак. Тоа е тим кој пет пати загуби на осум гостувања сезонава.
Хамарби има вкупно 51 даден и примен гол во досегашните 15 меча, што само е потврда дека сакаат да даваат, но и да примаат многу погодоци.
Предлог тип: 1&3+ (2.02) – квота на денот во Sport Life
КТП – МиПа (17:30 ч.)
КТП претрпе три порази во последните четири меча, па мечот на домашен терен против последнопласираната МиПа е како нарачан. Гостите ја имаат најслабата одбрана во лигата и во просек на туѓ терен примаат речиси по три погодоци на натпревар.
Ако игра пред своите навивачи, за КТП сезонава тоа и не е некоја голема предност ако се видат четирите порази во седум средби.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.61)
Копавогур – Хафнарфјордур (21:15)
Гостите ја имаат фаворитската улога, но во досегашниот дел од исландското првенство и не покажаа квалитет дека може да бидат тим на кој вреди да се уплаќа. Копавогур пред своите фанови има по две победи, ремија и порази, но против овој ривал во последните четири меча како домаќин има три победи и реми.
Интересно е што последните шест меѓусебни дуели завршиле со 2-3 гола, па овојпат ќе одиграме следејќи ја традицијата.
Предлог тип: 1Х&2-3 (3.80)