Хамилтон: Да бев навивач, ќе навивав за Леклер, фан сум на Ферари, но верен сум на Мерцедес

Седумкратниот Формула 1 првак, Луис Хамилтон, призна дека е фан на Ферари, но никогаш не би возел за италијанскиот тим, поради верност кон Мерцедес.

„Гледате, на телото имам тетоважа на која пишува лојалност. Лојален сум на Мерцедес, тој тим е мое семејство. Убаво ќе беше да возев за Ферари, но тоа нема да се случи, сакам да бидам како Стирлинг Мос. Да бев навивач на трибините, ќе навивав за Шарл Леклер. Фан сум на Ферари“ – изјави Хамилтон.

Годинава шансите за титула на Хамилтон се сведени само на теорија, првите трки покажаа дека Мерцедес заостанува зад Ферари и Ред Бул.

„Ферари е посилен на квалификациите, а Ред Бул на трките. Но, секој викенд е посебна приказна, Ферари покажа дека знае да направи конкурентен болид“ – додава Британецот.

- Оглас -

Најнови вести