Хамилтон во мисија да го израмни рекордот на Михаел Шумахер

Луис Хамилтон од пол позицијата ќе стартува денеска на трката во Сочи за Големата награда на Русија, во Ф1 шампионатот. Ова треба да биде посебна трка за британскиот возач, затоа што е во мисија да го израмни рекордот на легендарниот Михаел Шумахер. Некогашниот седумкратен светски Ф1 првак во кариерата имаше 91 победа и беше апсолутен рекордер, но сега Хамилтон може да му се приклучи. Луис има 90 победи во Ф1.

Самиот Хамилтон вели дека е голема чест да се биде рамо до рамо со легенда како Шумахер, присетувајќи се на неговата прва средба со Германецот.

„Прв пат го сретнав Шумахер на картинг патеката во Керпен, Германија. За мене како дете беше неверојатно да бидам на иста патека со него.Дури и зборувавме, но не се сеќавам за што, затоа што бев премногу млад. најмногу се радував која по трката во Аби Даби ги разменивме кацигите“, се сеќава Хамилтон.

Британецот во Сочи ќе стартува како прв, а веднаш до него ќе биде Макс Верстапен, додека Валтери Ботас ќе биде трет. Хамилтон е главен фаворит за победа, а доколку сакате да ви биде поинтересно гледањето на оваа Ф1 трка, може да се обложите во Sport Life.  

- Оглас -

Најнови вести