Хамилтон ќе стартува од последното место на трката во Монца

Седумкратниот формула 1 шампион Луис Хамилтон ќе мора да направи замена на моторот на неговиот болид пред трката во Монца, што значи дека за него ќе биде загарантирано последното место во квалификациите.

На претходната трка во Белгија, Хамилтон имаше инцидент со Фернандо Алонсо, по кој оштетување заработи моторот на Мерцедес. Според правилата на Ф1, доколку некој возач врши корекции на моторот, автоматски ќе мора да започне од „опашката“ на следната трка, а тоа во овој случај е во Монца.

Хамилтон моментно е на шестото место во генералниот пласман со 158 бодови, дури 152 помалку од лидерот Макс Ферстапен.

- Оглас -

Најнови вести