Хамилтон планира да продолжи со доминацијата на Хунгароринг

Луис Хамилтон од пол-позиција ќе тргне во одбрана на тронот во Унгарија, откако двата болиди на Мерцедес вчера славеа еден-два победа во квалификациите на Хунгароринг.

Актуелниот светски првак од 2016 година досега триумфираше четирипати на ова Гран при, само Фетел еднаш во последните пет години успеа да му се наметне на Британецот на една од омилените негови патеки.

Хамилтон и Ботас ги завземаат првите две стартни позиции, моменталниот лидер Макс Ферстапен ќе тргне од третото место и ќе се обиде да го скрати на Британецот втора победа во низа, откако Хамилтон претходно триумфираше на Силверстоун.

Трката за Големата награда на Унгарија е закажана за 15 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести