Хандановиќ го спаси Интер од пораз (Видео)

Брилијантниот голман на Интер, Сами Хандановиќ го спаси лидерот во Серија А од пораз против храбрата Аталанта, откако му одбрани пенал на Луис Муриел во 88. минута.

Хандановиќ спречи комплетен пресврт, а Интер се спаси од пораз. Почетокот најави победа на нероаѕурите, кои беа подобри во првото полувреме, а поведоа со голот на Лаутаро Мартинес во четвртата минута.

https://twitter.com/HDGoalsLive/status/1216085846656475136?s=20

Робин Госенс израмни во 75. минута и ја круниса иницијативата што гостите ја имаа во второто полувреме. Интер беше постојано под притисок, а Аталанта имаше златна шанса и да победи.

https://twitter.com/gifGoals_/status/1216109191561195526?s=20

Во 88. минута беше досуден пенал за гостите од Бергамо, но Хандановиќ го прочита Муриел и го одбрани ударот од белата точка.

https://twitter.com/CompsInter/status/1216111292269891584?s=20

Нерозѕурите останаа на првото место во Серија А со 46 бода, еден повеќе од Јувентус, но и со меч повеќе. Аталанта е петта со 35 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести