26.8 C
Skopje
сабота, 6 септември 2025

Хановер ќе има своја поддршка во Автокоманда против Алкалоид (Фото)

Германскиот бундеслигаш Хановер има огромна позитива од 10 голови стекната по првиот меч со Алкалоид во квалификацисиот дуел за пласман во ЕХФ Европската лига.

За тоа колку го почитуваат и сакаат ракометот во Хановер покажаа и 20-тина навивачи кои со комбе допатуваа од Германија во Скопје, за да ги бодрат своите ракометари.

Пред Алкалоид е речиси невозможна мисија да се достигнат тие 10 голови негатива, но македонскиот тим сепак ќе има причини за радост вечерва. Во салата во Автокоманда е пристигнат трофејот во ЕХФ Купот кој Алкалоид минатата сезона го освои, но не го доби откако АЕК Атина не сакаше да го одигра реваншот од финалето.

Како и да е, вечерва ќе има одлична атмосфера во полната сала во Автокоманда, каде Алкалоид ќе игра со тим од најсилната лига во светот.

- Оглас -

Најнови вести