Ханси Флик доби големо засилување за Ел Класико

Барселона не успеа да ја исполни главната цел оваа сезона – освојување на Лигата на шампионите – откако беше елиминирана во четвртфиналето од Атлетико Мадрид.

Сега приоритет е одбрана на титулата во Ла Лига, а тимот е на добар пат бидејќи има дури 11 бода предност во однос на Реал Мадрид.

Голем удар за Барселона беше повредата на Ламин Јамал, за кого сезоната е завршена, но тренерот Ханси Флик конечно доби и добри вести.

Шпанските медиуми наведуваат дека Барселона ќе биде значително посилна за Ел Класико. По подолга пауза се врати на тренинзи Рафиња, што е голем плус за тимот. Покрај него, закрепнаа и Марк Бернал и Андреас Кристенсен.

Тројцата веќе тренираат со екипата и според најавите, ќе бидат подготвени за дербито против Реал Мадрид, кое ќе се игра на „Камп ноу“ на 10 мај.

Барселона викендов гостува кај Осасуна во Памплона, но се очекува Флик да не ризикува и да не ги користи веднаш повратниците.

Посебно радува враќањето на Рафиња, чие отсуство беше сериозно почувствувано, особено во четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести