15.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Ханси Флик е лут на селекторот на Шпанија поради Јамал: „Повреден играше за Шпанија“

Ламин Јамал нема да биде во составот на Барселона за денешниот меч против Валенсија. Младиот 17-годишен тинејџер има повреда, но и покрај тоа, во претходните 10-тина дена играше два меча за репрезентацијата на Шпанија во кввалификациите за Светско првенство 2026.

Поради фактот дека Јамал сега нема да е подготвен за настап во дресот на Барселона, тренерот на каталонскиот гигант Ханси Флик е лут на својот колега, Луис де ла Фуенте кој е предводник на шпанската селекција.

Германскиот стратег го критикуваше Де ла Фуенте затоа што младиот офанзивен играч одигра најголем дел од двата меча во кои Шпанија убедливо ги победи Бугарија (3:0) и Турција (6:0).

„Јамал нема да игра против Валенсија. Замина да игра за Шпанија со одредени болкии не тренираше. Потоа му дадоа лекови против болка и можеше да игра. На двата меча имаа предност од најмалку три гола, а Јамал сепак играше 73 и 79 минути. Меѓу двата меча, тој не можеше да тренира. Играчот не е виновен. Многу сум лут поради ова“, рече Флик пред денешниот дуел против Валенсија.

- Оглас -

Најнови вести