Гонзало Рамош ќе го напушти ПСЖ во потрага по минутажа

Напаѓачот Гонзало Рамош би можел да го напушти ПСЖ во летниот преоден рок. Португалскиот репрезентативец наводно сака промена на средината со цел да игра во клуб каде што ќе има статус на стандарден првотимец.

24-годишниот фудбалер не добива голема минутажа кај Луис Енрике и ретко се наоѓа во почетниот состав, и покрај големите очекувања при неговото доаѓање во Париз.
Неговиот договор со ПСЖ важи до летото 2028 година.

Интерес за Рамош веќе постои од неколку клубови, а тој во моментов е фокусиран на завршницата од сезоната и обидот да му помогне на ПСЖ да ги оствари своите цели, по што ќе ја донесе конечната одлука за својата иднина.

Оваа сезона, португалскиот напаѓач има постигнато 12 голови на 41 натпревар во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести