Ханси Флик пред реваншот со Атлетико: „Квалитетот на една екипа се мери според бројот на трофеи“

Барселона оваа сезона веќе освои еден трофеј, оној од шпанскиот Супер куп, а како што вели Ханси Флик, квалитетот на една екипа се мери по бројот на трофеи кои ќе ги освои. Каталонците утре го играат реваншот против Атлетико Мадрид во Купот на Шпанија, а Германецот пред медиумите ги кажа очекувањата од овој меч.

„Гладни сме за трофеи и ќе ги бркаме до крај. Утре имаме натпревар на којшто гледаме како на финале. Горд сум на овој тим и на начинот на којшто игра. Не стигнавме дотука поради среќа, тоа го заслуживме на терен. Играчите секогаш го даваат максимумот и сакам да им се заблагодарам. Во фудбалот се бројат трофеите. Го освоивме шпанскиот Супер куп во јануари, но тоа е веќе минато. Сакаме да стигнеме до финалето на Купот, но нема да биде лесно бидејќи ова е натпреварувањето во кое Атлетико е најблиску до трофејот. Еден натпревар и ќе бидат во финале. Имаат искусен тренер во Диего Симеоне, кој знае како да победува на вакви натпревари“, рече Ханси Флик.

На првиот натпревар во Барселона резултатот беше 4-4 откако Јорганџиит имаа водство од 0-2, па Каталонците направија пресврт до 4-2, а Атлетико Мадрид со два гола во самиот финиш се спаси од пораз.

- Оглас -

Најнови вести