Хаос ќе биде во Серија А – И кај Интер има потреси, претседателот од Кина го чека казна затвор во Хонг Конг

Вистински хаос се случува во Серија А со казни за клубовите, иако засега казнет е само Јувентус со 15 бода, а клучен месец ќе биде март.

За тогаш се најавува нова казна за најтрофејниот италијански клуб со одземање на уште 20 бода, пред слична казна е и Сампдорија, а на суд ќе оди и првиот човек на Интер, Стивен Џанг.

Тој мора да се појави на суд во Хонг Конг на 13. март, а причината е невратен долг од 300 милиони долари на кинеската „Констракшн бенк оф Азија“.

Проблем за Џанг е што го тужат и во САД, а веројатно ќе мора на суд и во Милано, па ако се докаже дека е виновен ќе мора да оди в затвор.

Јувентус веќе е казнет со 15 бода за финансиски малверзации со плати на играчите во ерата на Ковид кризата, под лупа е и Наполи, а Сампдорија ќе биде казнета ако не исплати заостанати плати во висина од 13 милиони евра.

Има истрага и за Милан, а тука на тапет е ланското превземање на клубот, односно продажбата што ја направи Елиот груп за 1.2 милијарди долари, трансфер по кој Ред Брд го купи клубот.

- Оглас -

Најнови вести