Хаос на Мундијалот: Навивачи на пеколна жештина, без вода, со часови не можеле да влезат во фан зоната

Кога Катар ја доби организацијата на Светското првенство 2022, многумина беа со поделено мислење околу начинот на кој Мундијалот ќе се одржи. Еден дел беа скептични, додека други веруваа дека тоа ќе биде најдобро организираниот светски фудбалски собир.

Од тоа што последно доаѓа пред почетокот на Мундијалот во Катар е дека Доха максимално потфрлува како домаќин. Според англиските медиуми, голем дел од навивачите кои пристигнаа во Катар, морале со часови да чекаат на голема жештина во ред, за да може да влезат во навивачките паркови на ФИФА.

„Чекаме два часа. Не можеме да купиме ни вода. Не знам кога ќе можеме да влеземе. Луѓето кои работат како обезбедување воопшто не сакаат да зборуваат со нас. Се надевам дека за брзо време ќе влеземе“, била реакцијата на едни навивачи од Мексико.

- Оглас -

Најнови вести