Трката за Големата награда на Каталонија во Мото ГП класата е прекината по стравичниот инцидент во кој најдебелиот крај го извлече шампионот Франческо Бањаја.
Инцидентот започна со судирот во првио свиок на Бастијанини со Жоан Зарко, по што дојде до судир со уште неколку возачи, а Бањаја ја загуби контролата врз својот мотор и кога падна на патеката, тој случајно беше прегазен преку ногата од друг возач.
https://twitter.com/i/status/1698309365386846476
Веднаш потоа стјуардите ги истакнаа црвените знамиња и ја прекинаа трката, а според соопштението, Алекс Маркес, Енеа Бастијанини, Жоан Зарко, Фабио ди Џанантонио, Марко Беѕеки и Франческо Бањаја се свесни.