Полска со 2:1 победи на гости кај Израел и само потврди дека е најдобра селекција во групата во која е и Македонија. Дуелот немаше никакви тензии, но тоа беше се до пред крајот на средбата. Во судиското надополнување, еден навивач втрча на терен, а по него тргнаа неколку полицајци и редари.
Трчајќи за да го фати натрапникот на теренот, еден полицаец удри во фудбалерот на Полска, Томаш Кеџиора и го повреди. И Роберт Левандовски за малку ќе насттрадаше во целиот неочекуван хаос во судиското надополнување на мечот.
A pitch invader’s just run onto the pitch at the Israel v Poland game and a pursuing police officer has just cleaned out Polish defender Kędziora. pic.twitter.com/VvFMKOKyiZ
— Fulhamaway (@Fulhamaway) November 16, 2019