Хаос во Лацио, Имобиле и семејството биле нападнати од навивачи, а претседателот не застана во негова одбрана

Фудбалерот Чиро Имобиле вчера додека го носел детето на училиште, бил навредуван и туркан од фанови на Лацио, и најави тужба против лицата кои го нападнале вербално и физички пред училиштето, а претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, не застана во одбрана на капитенот и легендата на клубот.

„Ако го земете мојот телефон, ќе најдете 500.000 смртни закани за мене и моето семејство. Тоа ми се случува секој ден во последниве 20 години, па не правам голема работа од тоа“, рекол Лотито.

Имобиле е посочен како еден од главните виновници што си замина тренерот Маурицио Сари.

„Одлуката на Сари беше гром од ведро небо. Вели дека се чувствува изневерен, а од кого, сами дадете си одговор. Знам дека истиот тим кој го победи Баерн, загуби од Удинезе“, вели Лотито.

 

- Оглас -

Најнови вести